Украинците удрија по Орбан: Не го почитува нашиот народ и е политички кратковид
Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговата изјава дека војната во Украина ќе заврши ако престане да се испраќа оружје во земјата.
Изјавите на Орбан „покажуваат патолошко непочитување кон Украина и украинскиот народ кој се бори против руската агресија”, соопшти Министерството во Киев на својата веб-страница, обвинувајќи го унгарскиот лидер за „политичка кратковидост”.
„Орбан со тоа работеше на поразот на Украина, без оглед на фактот дека тоа ќе ја зголеми опасноста од руска агресија кон Унгарија. Унгарскиот лидер треба да се запраша дали сака мир“, соопшти украинското МНР.
Орбан претходно во интервју рече дека „Украина може да продолжи да се бори сè додека САД ја поддржуваат со пари и оружје”.
„Ако Американците сакаат мир, ќе има мир,“ рече унгарскиот премиер.
Орбан исто така беше виден во јавност како носи шал со насликана карта на „голема Унгарија“, вклучувајќи и украинска територија, а имаше и контроверзи поврзани околу унгарското малцинство во Украина. Унгарскиот лидер одржува блиски контакти и со рускиот претседател Владимир Путин, а неговата земја сѐ уште е во голема мера зависна од рускиот гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…