Објавено на:

Улица во Париз ќе го носи името на Алексеј Навални

t

Париските власти денеска едногласно ја усвоија идејата за именување на улица во 16-тиот арондисман во Париз, во областа каде што се наоѓа руската амбасада, по противникот на Кремљ, Алексеј Навални, кој почина во затвор во Русија во февруари, пренесува Н1.

Идната улица Алексеј Навални би можела да биде во авенија лоцирана директно пред руската амбасада, изјави неименуван локален жител.

Франција, која има „долга историја“ со Русија, „често ги дочекуваше своите прогонети“ во тој округ, рече официјалниот претставник, додавајќи дека многу семејства на Руси се населиле во таа област по револуцијата во 1917 година.

Навални, кој „умре затоа што имаше одредена идеја за тоа што треба да биде слободата, стана симбол на слободата во Русија и надвор од Русија“, додаде официјалниот претставник, додавајќи дека тоа е „начин за поддршка на отпорот кон репресивните руски режим“.

Навални почина во февруари под необјаснети околности во затвор на рускиот Арктик.

Повеќето од неговите соработници се во егзил во странство, а некои се осудени на долги затворски казни во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(0:1) Австрија си даде автогол, Франција ги…

Репрезентацијата на Франција потешко од очекуваното ја оправда фаворитската…

БРАВО! Мила Рељиќ ќе ја претставува Македонија…

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ освои златен медал и стана…

Анкета: Само 24 отсто од Французите му…

Само 24 отсто од Французите велат дека…

Макрон: Нема да поднесам оставка!

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…

Макрон распиша предвремени избори по поразот на…

Францускиот претседател Емануел Макрон ја објави одлуката…