Објавено на:

Ултиматум на Бајден до Нетанјаху: Сменете ја политиката за Газа или ние ќе ја смениме нашата

t

Американскиот претседател Џо Бајден во текот на денешниот телефонски разговор му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е потребен „итен прекин на огнот“ за „да се заштитат невините цивили“ во Газа и да се подобри хуманитарната ситуација, соопшти Белата куќа.

Според пишувањата на „Акиос“, Бајден го извршил својот најсилен притисок за прекин на борбите во Газа во последните шест месеци војна и за првпат предупредил  дека политиката на САД за војната ќе зависи од тоа колку Израел ќе ги испочитува неговите барања.

Повикот доаѓа три дена откако во израелски напад беа убиени седум хуманитарни работници на „Светската централна кујна“, а Бајден се најде под зголемен притисок од членовите на својата партија да се заложи за прекин на огнот и да се погрижи Израел да дозволи помош во Газа.

Бајден „нагласи дека нападите врз хуманитарните работници и целокупната хуманитарна ситуација се неприфатливи“, се вели во транскриптот од разговорот Тој, исто така, му рекол на Нетанјаху дека Израел мора да „објави и да спроведе“ серија „конкретни и мерливи чекори“ за заштита на хуманитарните работници и за справување со хуманитарното страдање.

„Тој јасно стави до знаење дека политиката на САД во однос на Газа ќе биде одредена од нашата проценка за непосредите дејства на Израел по овие чекори,“ истакна државниот секретар Ентони Блинкен, повторуваќи ја таа поента на својата денешна прес-конференција, велејќи: „Ако не ги видиме промените што треба да ги видиме, ќе има промена во нашата политика“.

По повикот, портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека чекорите што САД очекуваат да ги преземе Израел вклучуваат зголемување на количеството помош што влегува во Појасот Газа, отворање дополнителни премини кон енклацата, „мерки кон прекин на огнот“ и подобра заштита на цивилите и на хуманитарните работници.

„Ако нема промени во нивната политика, ќе мора да има промени во нашата“, истакна Кирби.

Извор запознат со разговорот рече дека тој бил „напнат и предизвикувачки“ и траел повеќе од 30 минути, додека Кирби го нарече „директен, деловен и професионален“.

Бајден претходно внимаваше да биде јасен дека неговите повици за прекин на огнот се условени со договор за враќање на израелските заложници дома. Во транскриптот денеска, Белата куќа не ги поврза целосно тие прашања, но нагласи дека претседателот „го повика премиерот да ги овласти своите преговарачи да склучат договор без одлагање за да ги вратат заложниците дома“.

Сенаторот Крис Кунс, еден од главните демократски поддржувачи на Израел и близок сојузник на претседателот Бајден, прв пат денеска рече дека е отворен за условување на помошта врз основа на тоа како Израел ја води војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски ги покани Бајден и Си на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани…

Судири меѓу израелската полиција и ултраортодоксните Евреи

Израелската полиција соопшти дека се случиле насилни…

Трамп: Се движиме кон трета светска војна,…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој повторно…

Стејт департмент: Америка испраќа оружје во вредност…

Америка денеска објави нов пакет помош од…

Две пиротехнички гранати биле фрлени врз израелската…

Рано утринава две пиротехнички гранати биле фрлени…