Улчар: Ако сте се откажале од малцинства ИСТО КАКО ДА НЕ ПОСТОИ ЈАЗИКОТ

t

Со договорите со Грција и со Бугарија се откажавме од малцинствата како носители на јазикот. Ако сте се откажале од малцинства исто како да не постои јазикот бидејќи кој ќе го зборува ако не малцинствата. Ова е грешка уште со Договорот за добрососедство со кој прифатиме дека се откажуваме од малцинството во Пиринска Македонија, рече таа.

Според неа, со изјавата со која се ограничуваме само на овие говори во рамки на Македонија излегува дека се откажуваме од нашите пирински и егејски говори како и од говорите кои ги имаме на западната граница во Албанија и на Косово.

Професорката смета дека сево ова што ни се случува е резултат што воопшто не консултирана научната фела.

При постоење на Институт за Национална историја ние формираме историска комисија за да решава историски прашања при што има само тројца историчари кои не се специјалисти во посебните историски периоди. Како пример ние решаваме прашање од средновековието а немаме вклучено ниту еден медиавист, изјави таа.

Улчар смета дека веќе е доцна било што да се направи.

Нашите соседи Грција и Бугарија за остварување на нивните цели си создадоа свои стручни тимови. Само нас во Македонија никој ништо не не праша, ниту историчари ниту лингвисти, потенцира Улчар.

За едостраната декларација професорката сметала дека е некоја шега бидејќи била напишана несериозно и со правописни грешки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…