Унгарија има услов за да го тргне ветото за 12. пакет санкции за Русија

t

Унгарија ќе стави вето на дванаесеттиот пакет санкции против Русија, доколку на унгарската компанија МОЛ не и се дозволи да продава руски нафтени деривати во Хрватска и Чешка, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.
Според него, на 5 декември истекоа правилата според кои унгарската нафтена компанија МОЛ може да извезува деривати од руската нафта на чешкиот и хрватскиот пазар.


„Ние ставивме до знаење дека нема да ставиме вето на тој пакет санкции, доколку МОЛ сепак може да извезува нафтени деривати на чешкиот и хрватскиот пазар“, изјави Сијарто на унгарските новинари.
Тој рече и дека на самитот на шефовите на дипломатиите на земјите од Европската унија, Унгарија го отфрлила предлогот за скратување на рокот за испорака на нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“.


„За време на преговорите отфрливме обид да се приближиме до крајниот датум за исклучување на Унгарија од купување на руска нафта преку нафтоводот Дружба. Имаше земја која сакаше да ја прекине важноста на нашето ослободување на краток рок“, рече Сијарто и уште еднаш потврди дека Будимпешта не поддржува санкции кои им штетат на унгарските национални интереси.
Сијарто, исто така, рече дека Унгарија сè уште не се согласува да издвои 500 милиони евра од Европскиот фонд за мир за купување оружје за Украина.
„Сè уште сме против доделување на 500 милиони евра од Европскиот фонд за мир, имајќи предвид дека тие носат економски одлуки во Украина кои им штетат на унгарските интереси. Како прво, на списокот на меѓународни спонзори на војната сè уште може да се најдат унгарски компании и лица, пред се ОТР, а за нас тоа е неприфатливо“, рече Сијарто.


Според неговата оценка, стратегијата на Европската унија за Украина не само што пропаднала, туку и нема надеж дека таа ќе почне да функционира во иднина.
Сијарто додаде дека Унгарија привлекла внимание на фактот дека Украина не дала извештај за тоа како ги искористила 80-те милијарди евра кои претходно и беа доделени на самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Поради корупција уапсен е рускиот заменик министер…

Русија уапси министер поради примање мито.  Рускиот…

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…

Лавров се заканува? Западот е на работ…

Западот е на работ на директен воен…

Русија и Кина потпишаа Меморандум за соработка…

Врховниот командант на руската морнарица, адмирал Александар…