Објавено на:

Унгарија најатрактвна земја од ЕУ за кинеските инвеститори!

t

Кинеските инвестиции во Европа (27 членки на ЕУ и Велика Британија) се намалени во 2023 година на најниско ниво од 2010 година, на 6,8 милијарди евра, покажува новата анализа на Rhodium Group и Меркатор Институтот за кинески студии (MERICS).

Во 2022 година Кина инвестирала 7,1 милијарди евра во набљудуваните 28 земји, се вели во анализата „Инвестициите се намалуваат, стануваат се поконцентрирани – кинески странски директни инвестиции во Европа 2023 година“, пренесува Бета.

Вредноста на кинеските интеграции и аквизиции се намали за 58 отсто, на само 1,5 милијарди евра. За тоа придонесоа кинеските економски тешкотии и строгата контрола на капиталот, заедно со зголемената контрола на странските инвестиции во Европа.

Истовремено, уделот на гринфилд инвестициите се зголеми на 78 отсто од 51 отсто во 2022 година, за што придонесоа проектите на приватните компании CATL, AESC и Huayou Cobalt, кои инвестираа во фабрики за батерии во Унгарија, Германија и Франција.

Благодарение на инвестициите во електрични возила, Унгарија стана „топ дестинација“ за кинески инвестиции, се посочува во анализата. Во 2023 година, Унгарија апсорбира 44 отсто од кинеските странски директни инвестиции во набљудуваните европски земји.

Повеќе од две третини од кинеските странски инвестиции (69 проценти) завршија во секторот на електрични возила во 2023 година, од 41 процент една година порано, а инвестициите генерално се движат по синџирот на вредност на електричните возила.

Исто така, објавено е дека кинеските добавувачи на влезови за батерии, како што се катоди и аноди, најавија два гринфилд проекти вредни по повеќе од една милијарда евра, кои се очекува да започнат во 2024 година.

BYD објави планови за производство на електрични возила во Унгарија до 2026 година.

Кога станува збор за секторите здравство, производи за широка потрошувачка и ИКТ, кинеските инвестиции во Европа останаа релативно стабилни во периодот 2021-2023 година. Тие сектори привлекоа, во просек, три милијарди евра директни кинески странски инвестиции годишно.

Најголем интерес имало за медицинските апарати кои покриваат две третини од инвестициите во здравствениот сектор во периодот од 2021 до 2023 година.

Во меѓувреме, географскиот и секторскиот опсег на режимот за проверка на инвестициите во Европа се проширува и ЕУ работи на поголема конзистентност и поширока надлежност на регулативите за скрининг. Ова значи дека кинеските компании кои сакаат да инвестираат во стратешки сектори во Европа ќе можат да очекуваат посилни регулаторни контроли.

На крајот, аналитичарите предвидуваат дека намалувањето на кинеските инвестиции во Европа ќе продолжи да ги намалува тековните инвестиции во секторот на електрични возила, но тие не очекуваат значителен раст на инвестициите.

„Наместо тоа, инвестициите најверојатно ќе останат ниски поради слабата финансиска позиција на кинеските фирми и зголемената контрола од страна на европските влади. Кинеските компании треба да ги проценат пазарните можности во Европа и во светло на растечките трговски тензии меѓу ЕУ и Кина“, се заклучува во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Ако не ја запреме војната стотици…

Стратегијата на Европската унија и НАТО не…

Кина до НАТО: Добро размислете што правите…

Кина го советува НАТО да размисли за…

Орбан побарал поддршка од Ердоган за мировната…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обиде да…

Орбан: Сакаме да ставиме крај на војната…

Меѓу најважните точки на унгарското претседавање со…

Унгарски медиуми: Заемот од милијарда евра за…

Заемот од една милијарда евра што новата…