Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството на Мастерсот во Шангај, соопштија организаторите на турнирот.
Ѓоковиќ, кој во неделата стана шампион и златен медал, пет години нема играно во Шангај, а сега се враќа на турнирот кој е закажан од 29 септември до 13 октомври. Мастерсот во Шангај не се играше во 2020, 2021 и 2022 година поради пандемијата на Ковид.
Со четири титули Србинот е најодликуваниот тенисер на Мастерсот во вториот по големина кинески град.
Последен пат славеше во 2018 година, кога во финалето го совлада Хрватот Борна Чориќ.
Титулата во Шангај ќе ја брани Полјакот Хуберт Хуркач, кој минатата сезона во финалето го совлада Русинот Андреј Рубљев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…
Кина лансираше девет сателити за научни експерименти…
Кина вчера успешно лансираше девет сателити во…