Објавено на:

Унгарија нема да обучува украински војници – Орбан: Склучивме важен договор со НАТО!

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта склучила „важен и многу поволен“ договор со НАТО, според кој земјата нема да учествува во мисијата за поддршка на Украина, која е поврзана со обуката на украинските војници.

Тој рече дека има разлика во мислењата во НАТО, при што 31 земја-членка „сакаат да ги поразат Русите“, додека ја поддржуваат Украина, сметајќи дека решението е на бојното поле, пренесува МТИ.

Орбан додаде дека ставот на Унгарија е дека таквиот пристап е погрешен и дека наместо да се поддржи која било страна, тие треба да бидат принудени да потпишат итен прекин на огнот.

Унгарија е меѓу „прифатените, ценети, лојални и кооперативни, многу кооперативни земји“ во НАТО, а Будимпешта ги исполнува своите обврски кон Алијансата, посочи Орбан.

На 12 јуни, по разговорот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Будимпешта, Орбан рече дека земјата нема да ги блокира одлуките на НАТО поврзани со мисијата за поддршка на Украина, но и дека сите воени дејства надвор од територијата на Северноатлантската алијанса можат само биде доброволно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова провокативна изјава на Медведев: Русија да…

Русија треба да направи се за да…

Сијарто: Ако не ја запреме војната стотици…

Стратегијата на Европската унија и НАТО не…

Кина до НАТО: Добро размислете што правите…

Кина го советува НАТО да размисли за…

НАТО се обврза да обезбеди воена помош…

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена…

Гаши се сретна со претседателот на украинската…

На маргините на Парламентарниот самит во Вашингтон,…