Унгарија усвои закони за борба против странското мешање

t

Унгарскиот парламент вечерва усвои низа законски мерки со кои се формира надзорно тело одговорно за спречување на „странското мешање“ во изборниот процес, а предвидени се и затворски казни.

Текстовите беа одобрени со големо мнозинство во парламентот во кој доминира партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, а ќе стапат во сила во февруари.

Правниот пакет има за цел да го „заштити суверенитетот“ на земјата, но владините критичари го гледаат како нова офанзива против опозицијата.

Ќе се формира специјализирано тело кое е вклучено во Уставот. Неговата мисија ќе биде „да ги идентификува и истражи организациите кои добиваат пари од странство“ со цел „да се влијае врз изборот на гласачите“.

Законот предвидува казни до три години затвор за секој што користи странски средства во изборна кампања.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…

Сијарто: Ако не ја запреме војната стотици…

Стратегијата на Европската унија и НАТО не…

Орбан побарал поддршка од Ердоган за мировната…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обиде да…

Орбан: Сакаме да ставиме крај на војната…

Меѓу најважните точки на унгарското претседавање со…