Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една година тајно го следела шефот на кабинетот на ректорот
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата дека шефот на кабинетот на ректорот речиси една година бил подложен на таен надзор, по налог на Безбедносно-информативната агенција (БИА).
Во соопштението, потпишано од ректорот, проф. д-р Владан Ѓокиќ, се наведува дека особено загрижува можноста ресурсите на безбедносните служби да биле користени „за следење граѓани, вработени на универзитетот и студенти поради нивното јавно дејствување, критичко мислење или политички ставови“.
„Надлежните институции, пред сè обвинителството и органите задолжени за контрола на работата на безбедносните служби, мора да ги утврдат сите околности на случајот“, се наведува во соопштението.
Тоа, како што се посочува, го вклучува и прашањето дали мерките за надзор биле злоупотребени за пресметка со политичките неистомисленици.
Дополнителна загриженост предизвикува и прашањето дали со овие мерки биле опфатени и други членови на академската заедница. Затоа, според Универзитетот, неопходно е да се утврди целосниот обем на случајот, како и индивидуалната и институционалната одговорност на сите што учествувале во него.
Универзитетот истакнува дека заштитата на академските слободи, правото на слободно мислење и изразување, како и безбедноста на сите членови на академската заедница, се темелни вредности што мора да бидат гарантирани и почитувани.
„Очекуваме државните органи и институции да постапуваат исклучиво во согласност со законот и во јавен интерес, во служба на сите граѓани, а не на која било власт или политички интереси“, порача ректорот Ѓокиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…