Управниот одбор на „Лотарија“ не донел одлука за набавка на ВЛТ-терминалите, тврди сведок на Обвинителството
Поранешниот член на Управниот одбор на „Државна лотарија“, Христа Најданов, кој сведочеше на судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седуммина обвинети, не се сеќава дека Управниот одбор донел посебна одлука за набавка на видеолотариските терминали (ВЛТ). Одбраната, пак, тврди дека постапката била законска и дека за неа постојат одлуки од надлежните органи.
Најданов бил член на Управниот одбор во два мандата, од 2017 до 2024 година, по предлог на ДОМ, партија која тогаш била дел од владината коалиција.
– Вака се бираа членовите на Управниот одбор и на Надзорниот одбор. Претпоставувам дека и другите членови беа предложени на истиот начин, од своите политички партии. Таа практика сè уште трае. Не навлегувам во тоа дали е добра или лоша – рече Најданов, кој работел како секретар во скопска гимназија.
Тој сведочеше дека во периодот кога директорка била Катица Николовска-Парнакова, седниците се одржувале со физичко присуство, со можност за дискусија и дополнителни објаснувања од раководните лица. По доаѓањето на Перпарим Бајрами, седниците првично продолжиле на истиот начин, но околу 2021 година дел од материјалите почнале да се доставуваат електронски.
– Поради итност, материјалите понекогаш ни ги испраќаа наутро и требаше да одговориме до попладне. Некогаш немав време студиозно да ги погледнам. Во 99 проценти од случаите одговорите на членовите беа позитивни. Немавме можност да се обратиме до службите за дополнителни објаснувања. Сите не сме стручни за сите работи – рече Најданов.
За набавка на коцкарските машини во 2023 година тој потврди дека се разговарало за проширување на дејноста на „Државна лотарија“ и за формирање ново друштво за видео игри, за чија исплатливост, но не се сеќава дека Управниот одбор донел посебна одлука за набавката.
– Сум знаел дека во планот стоело оти се планира набавка на ВЛТ-апарати. Но, колку што се сеќавам, немавме донесено посебна одлука за нивната набавка – рече сведокот.
Најданов потврди дека се разговарало и за можноста „Државна лотарија“ самостојно да организира електронски игри на среќа. За конкретната набавка на апаратите, рече дека дознал од медиумите и социјалните мрежи.
Адвокатот Еленко Миланов, кој го брани Бајрами, тврдеше дека тоа што сведокот не се сеќава на одлуките не значи дека тие не постојат. Тој посочи дека Управниот одбор ги донесува финансиските планови и планот за јавни набавки, а во конкретниот случај постои и одлука на Надзорниот одбор, донесена врз основа на членот 33 од Статутот.
– Надзорниот одбор донесува одлука со која го задолжува тоа да се спроведе. Сметам дека таквата одлука е целосно во согласност со Законот за трговските друштва и дека во таа насока нема апсолутно никаква пречка – рече Миланов.
Тој додаде дека станувало збор за голема зделка, чија вредност надминува 20 проценти од вредноста на компанијата, и дека одлучувањето било во надлежност на Надзорниот одбор. Во однос на електронското одлучување, Миланов рече дека таквата практика започнала за време на пандемијата, кога институциите носеле одлуки без физичко присуство на повеќе лица во ист простор.
Груби на судењата веќе доаѓа без полициско обезбедување, откако истече законскиот рок за куќен притвор, и сега се брани од слобода. Обвинителството го товари дека во текот на 2023 и 2024 година, заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица, незаконски овозможиле и одобриле набавка на апарати за видеолотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Управниот одбор на „Лотарија“ не донел одлука…
Поранешниот член на Управниот одбор на „Државна…
Зеленски се согласува на замрзнување на војната…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би…
Родителите на загинатите во Пулс: Изразуваме искрена…
63 згаснати животи. 63 ангели. 63 причини…
Ристовски го пречека светскиот шампион Марко Џорлев…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во…
Поднесена кривична пријава против охриѓанец за детска…
При претресот биле пронајдени и одземени десктоп-компјутер…