Урко: Напаѓаме две светски злата, македонските кикбоксери газат во Италија
Македонската кикбокс репрезентација испишува историја на Светското младинско првенство во Језоло, каде нашите борци демонстрираат светска класа, лавовско срце и немилосрдна борбеност. Ден исполнет со адреналин, брилијантни победи и осигурани медали ја крена Македонија на нозе. Томи Андонов уште еднаш покажа зошто е апсолутен владетел во рингот, забележувајќи маестрална победа над Ринат Уралбај од Казахстан, со што си обезбеди место во големото финале. Кон светскиот врв маршира и феноменалниот Глигор Николов, кој со импресивен триумф обезбеди уште едно финале за нашата држава.

Успесите не застануваат тука, бидејќи македонскиот тим доминира и на татамите. Драгица Глигорова блесна во дисциплината Кик Лајт, остварувајќи голема победа со која веќе ја осигура бронзата и мотивирано чекори кон полуфиналето. Истовремено, Петар Лозановски во машка и херојска битка беше запрен во своето полуфинале, но гордо се враќа со освоен бронзен медал, потврдувајќи го својот огромен талент.
Селекторот на македонската репрезентација, Дејан Митровски Урко, не го криеше своето задоволство од блескавите изданија на своите избраници, но и реално се осврна на предизвиците кои ги носи овој суров спорт.

„Задоволен сум од досегашниот постигнат успех на сите наши натпреварувачи. Имаме две финалиња со Томи Андонов против Србин и Глигор Николов против Азербејџанец. Две полуфиналиња со Драгица Глигорова против Италијанка и Калин Бабоски против Казахстанец. Да напоменам, за мене од моја страна неочекувани порази имаа Марија Димовска, Марко Баснарков, Туркер Исмаил и Андреј Смилевски. За жал останаа без медали иако беа фаворити за злато, но треба и среќа, исто така и да не те казнат судии или да не те повреди противникот, но тоа е во нашиот спорт. Одиме утре или задутре, имаме две финалиња, две полуфиналиња и една освоена бронза“, изјави селекторот Урко.

Македонија со нетрпение ги очекува завршните битки. Нашите борци покажаа како со крв и пот се бранат националните бои, а сега преостануваат финалните чекори кон освојување на светскиот трон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урко: Напаѓаме две светски злата, македонските кикбоксери…
Македонската кикбокс репрезентација испишува историја на Светското…
Горан Герасимовски е избран за потпретседател на…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Од утре врнежи од дожд, од недела…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
Септемвриските пензии ќе се зголемат за три…
Ова значи дека конечниот износ, односно висината…
Станковиќ: Филипче не го претставува членството на…
Остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко…