Урнебесно: Илон Маск ги купува училиштата со директори од ДУИ за да копа биткоини бесплатно

t

Само неколку дена откако ги купи градежните компании на Чифлиганец за да му ги прошири становите, милијардерот Илон Маск, се враќа со нова инвестиција во Нашата Земја, благодарение најмногу на иновативноста и визионерството на директорите поставени од ДУИ, кои своите училишта ги претворија во виртуелни рудници за копање биткоин на државна струја, пишува Иљче од КООПЕРАЦИЈА.

– Дознав за ДУИ од пријателот Ванчо и да ви кажам искрено се изненадив што на Балканот постои таква зелена компанија, на која на прво место ѝ е природата. Се запознав и со нејзиниот прв човек Али и првиот впечаток ми е фантастичен. Само со вакви креативни примери ќе станете дел од светот. Да си ги чувате како очите во глава. – порача новиот инвеститор.

Тој се пофали дека веднаш откако по постигнувањето на договорот, компанијата му доделила членска книшка, за која му објасниле дека е слободна карта за излегување од затвор, неплаќање данок, непочитување закони, преминување државни граници без пасош и сѐ што друго може да се замисли во една банана држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ до Мицкоски: Дали добивате „паничен напад…

Демократската унија за интеграција најостро го осудува…

ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…

Демократската унија за интеграција со реакција до…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…

Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…

Законот за средно обеазование е повлечен од…

Биткоинот падна под 100.000 евра

Вредноста на биткоинот падна за 2,85 отсто…