Урсула фон дер Лајен: ЕУ е посилна по изборите во Унгарија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека по резултатите од парламентарните избори во Унгарија, Европската Унија е посилна и пообединета, додавајќи дека сега е време за преиспитување на правото на вето и премин кон одлучување со квалификувано мнозинство во надворешната политика.
Таа оцени дека унгарскиот народ повторно покажал историска одлучност, споредувајќи ги настаните со 1956 и 1989 година, и нагласи дека Унијата треба да извлече поуки од досегашните блокади во донесувањето одлуки, особено во однос на помошта за Украина.
Фон дер Лајен додаде дека Европската комисија ќе започне соработка со новата влада во Будимпешта веднаш по нејзиното формирање, со цел да се постигне напредок во реформите и одмрзнувањето на европските средства.
Таа истакна дека клучно е исполнувањето на условите за реформи, за да можат унгарските граѓани да имаат пристап до замрзнатите средства, додека досегашната влада на Виктор Орбан беше во постојан спор со Брисел, поради што дел од европските фондови беа задржани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен: ЕУ е посилна…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Маѓар бара оставки од високите функционери во…
Унгарскиот политичар Петер Маѓар упати барање за…
Владата на ТИСА ќе биде влада на…
Довчерашниот унгарски опозиционер и иден премиер на…
Од инсајдер до ривал: Како Маѓар стана…
За само две години, Петер Маѓар прерасна…
Голема излезеност на изборите во Унгарија: 54%…
До 13 часот, излезноста на парламентарните избори…