Усвоена програмата на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје

t

Од Град Скопје известуваат дека е усвоена програмата на Советот на потрошувачи на Град Скопје.

Ова е нивното соопштение:

“Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје кој се грижи за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при користење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги, и се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги спрема корисниците на услуги, ја одржа втората седница, на која ја разгледа и усвои програмата за работа, чија основна цел е подигање на нивото на заштита на потрошувачите на територија на Град Скопје.

Основна цел на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје е да се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите на ниво на Град Скопје во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права. Советот ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…