Уставните судии утре на дневен ред на Комисијата за именување

t

Утврдувањето предлог за избор на нови уставни судии утре е прва точка на дневен ред на Комисија за прашања на изборите и именувањата. По повеќе одлагања и по повеќе од една година блокирање, конечно ќе почне постапката за избор на нови уставни судии.

Уставниот суд во моментов функционира со само пет судии, а треба да има вкупно девет.

Предлози за нови уставни судии се Љубомир Јовевски, Саво Климовски, Татјана Васиќ, Фатмир Скендер, Родна Живковска, Бранко Секуловски, Тодор Витларов,  Весна Јовановска и Војислав Димовски.

Биографиите на предложените судии им беа доставени на пратениците уште на 18-ти мај и останува нејасно зошто беше потребно да помине толку време за и официјално точката да се најде на дневен ред и да се свика Комисијата.

Инаку, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска вчера имаше состаноци со целиот државен врв: од претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски до претседателот на Собранието, Талат Џафери, па свикувањето на Комисијата доаѓа веднаш по овие средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судовите не смеат да ја кријат својата…

Судовите не смеат да ја кријат својата…

Тунискиот претседател разреши 57 судии

Тунискиот претседател, Каис Саид разреши 57 судии…

Скандал: Се подготвуваат нови судии и обвинители,…

Се уште не е решена истрагата, и…

Василевска: Изборот и кандидатурите за уставни судии…

Како законодавен дом и како народни претставници…