Утре е големиот христијански празник Прочка: Видете кои адети треба да ги испочитувате

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања.
На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, по што и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесуваат од колено на колено меѓу генерациите.
Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити.
Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.
Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите Четириесет и двајца…
Сите беа војводи на византискиот цар Теофил.…
Денес се празнува Преподобен Герасим
Овој познат светител најпрво се учеше на…
Денеска се празнуваат Светите маченици Евтропиј, Клеоник…
Му беа другари на Св. Теодор Тирон.…
Денес се празнува Преподобната маченичка Евдокија
Живееше во феникискиот град Илиопол, во времето…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Протериј
Овој светител беше презвитер во Александрија во…