Објавено на:

Утре сончево со локална облачност, од петок снег

t

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.

Во петок времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено наутро и претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови од земјава, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува особено во источните подрачја. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност, студено и ветровито. Во северните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот oблачноста ќе се зголеми и ќе има локален слаб снег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот предизвика колапс во БиХ: Луѓето заглавени…

Снег врне во поголем дел од Босна…

Најстудено утрово на Попова Шапка, во Скопје…

Утрово во речиси цела Македонија имаше минусни…

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во…

Најниска темпратура утрово од -2 степена е…

Драма кај Никифорово – тројца луѓе вечерва…

Тројца луѓе вечерва се заглавени во снегот…