Утринскo чудо во НБА: Дончиќ ќе игра со големиот Леброн!

t

Во сензационален трејд, еден од најголемите во последно време во НБА, Лука Дончиќ го напушта Далас маверикс, а на негово место пристигнува Ентони Дејвис.

Овој голем разменски договор, во кој беа вклучени три екипи – Лос Анџелес Лејкерс, Далас Маверикс и Јута Џез, го промени текот на сезоната и ги изненади сите љубители на кошарката. Покрај Дејвис, „телињата“ од Тексас го добија и Макс Кристи од Лејкерс, додека Лејкерси ги засилија своите редови со Макси Клебер и Маркиф Морис. Дополнително, Лејкерс добија право на прв пик на драфтот во 2029 година, а Џејлен Худ-Шифино се пресели во Јута, која за возврат доби неколку избори од втората рунда на драфтот.

„Верувам дека одбраната носи титули. Со дефанзивен центар и комплетен играч како Дејвис, нашите шанси за титула се многу поголеми. Составивме тим кој може да победува и сега и во иднина“, изјави генералниот менаџер на Далас, Ник Харисон.

Според извори на ЕСПН, иницијатор на трејдот бил Далас, а претставниците на трите франшизи работеле на договорот со денови. Харисон и потпретседателот на Лејкерс, Роб Пелинка, кои имаат долгогодишна професионална релација, биле клучните фигури во завршувањето на оваа трансакција. Интересно е што дури ни Леброн Џејмс не бил информиран за договорот сè до последен момент. Веста за трејдот го затекнала за време на вечера во ресторан во Њујорк, по натпреварот со Никс, оставајќи го во неверување – исто како и целиот кошаркарски свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…

Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…

На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…

Разбудени од кома двајцата полицајци што го…

Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…