Утринско пукање во Арачиново: Две лица застрелани во автомобил
Две лица се повредени во пукање во раните утрински часови во скопското село Арачиново, објави МВР, а при тоа и специјалните сили излегле на терен.
– Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18“ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42).
Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, објави скопската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…