УХМР: Најмногу дожд во Ѓуриште во изминатите 24 часа
На мерна станица Ѓуриште е измерено најголемо количество дожд, 54 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во иминатото деноноќие, според мерењата во 8 часот, 21 литар на квардатен метар наврнат воден талог имало во Крива Паланка, 17 во Тетово, осум во Пожаране, седум во Битола и Виница, пет литри во Прилеп и Крушево, четири во Штип, три литри на мерна станица Скопје – Зајчев Рид и Охрид, два во Демир Капија и Берово и еден литар во Струмица и Маврово.
Во првиот дел од ноќта беше нестабилно со грмежи и појава на пороен дожд во Скопско и во поголем дел на североистокот од земјава. До изутрина преовладуваше малку до умерено облачно, а утрово во поголемиот дел од земјава има значителна ниска облачност. Утрово дува и слаб ветер со променлив правец, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд кој преку денот ќе се прошири од запад кон исток и ќе биде проследен со грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер, над 70 километри на час и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени, вредноста на УВ-индексот 6.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите повремено ќе бидат и во форма на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 24 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…