Учениците и студентите со попреченост добиваат адаптиран превоз: Град Скопје потпиша договор со ЈСП
Од Град Скопје соопштуваат дека е обезбеден превоз за ученици и студенти со попреченост, за што е склучен договор меѓу ЈСП и Град Скопје.
Ова е целосното соопштение:
“За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад, со адаптирани возила, за што Градот Скопје и ЈСП склучија договор. Станува збор за активност на Градот Скопје што е во согласност и со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.
Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Возилата се комплетно адаптирани на потребите на корисниците со можност за влез на инвалидска количка и други додатоци.
Вкупно 80 ученици и студенти со попреченост го користат овој вид превоз. Здружението на студенти и младинци со попреченост директно со целната група и возачите прави неделен распоред и организира маршрути.
Градот Скопје е посветен на значително подобрување на квалитетот на живеењето на студентите и младинците што припаѓаат на оваа ранлива група, за да се овозможи поголема мобилност, полесен пристап на лицата со попреченост до училиштата и факултетите, вклучување во редовниот образовен процес и обезбедување самостојност и независност во движењето.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…