Уште еден повреден работник од градилиштето во Кисела Вода примен во Ургентниот центар

t

Во Ургентниот центар во Скопје негде околу 13:00 часот е примен уште еден повреден работник од градилиштето на ул. „Козјак“ во Општина Кисела Вода.

Неофицијално, работникот е со полесни повреди, но се уште се врши детален преглед на него.

Претходно, во Ургентниот центар беа донесени тројца пациенти, од кои двајца се со полесни повреди, а еден, кој е префрлен на КАРИЛ има тешки телесни повреди, повреда на над коленица и подколеница.

Несреќата се случи утрово по 08:00 часот, кога земја затрупа работници, а еден од нив е загинат. На местото на настанот има полиција, а увид изврши обвинител од скопското обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…

Општина Центар ја заврши првата фаза од…

Низ Центар се поставуваат паметни апарати за…

Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и…

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени…

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на…

Вонредна седница за свлечиштето на Водно бара…

Советничката група на Левица во Општина Центар…

80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар

Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од…