Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

t

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми.

Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра, се вели во соопштението од Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната самоуправа ќе реагира на секое нарушување на јавниот простор и безбедноста на граѓаните.

„Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да обезбедиме уредена средина за граѓани,“ рече Герасимовски.

Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување бесправна градба и заштита на заедничкиот простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се сруши дел од ископ на градилиште…

Граѓаните со недели предупредуваа дека градилиштето на…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

За паркинг на второ возило во Центар…

Во услови кога бројот на возила во…

Компанијата-изведувач во Кисела Вода за 4 години…

Компанијата „Јакимовски“, која е изведувач на зградата…

Стаменкоска Трајкоска: Трагичниот настан не смее да…

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска…