Уште по 100 евра помош за младите во Србија

Собранието на Србија денеска ги усвои измените на Законот за привремен регистар на државјани на Република Србија од 16 до 29 години, а тоа е закон според кој на младите им се исплаќа парична помош за ублажување на последиците од Ковид-19.
Министерот за финансии Синиша Мали денеска во Собранието објасни дека според тој закон младите од 16 до 29 години во јуни ќе добијат дополнителна државна помош во висина од 100 евра.
„Парите ќе им ги префрлиме на сите што ќе се пријават на 1, 2 и 3 јуни“, рече Мали.
Оние кои аплицирале за помошта што им била исплатена на почетокот на февруари, не мора повторно да аплицираат, а младите кои во меѓувреме наполниле 16 години се пријавуваат од 16 до 31 мај.
Мали рече дека повеќе од милион млади луѓе добиле државна помош.
„За нас ова е исклучително важна помош, сакавме да ја покажеме силата на нашите јавни финансии. Во последните две години, за време на најтешката криза, нашата земја издвои 8,7 милијарди евра или над 18 отсто од БДП за помош на стопанството и граѓаните“, изјави Мали.
Тој посочи дека државата го исполнила секое ветување што го дала „за еден ден и за динар“.
„Покажавме колку е силна државата, тоа е слика на една сосема поинаква Србија која победува во економијата. Исплатата на младите е уште една потврда за успешна и одговорна економска политика“, рече министерот за финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…