Уште тоа фалеше: Во Израел регистриран првиот случај на „Флурон“, истовремена инфеkција со коpонавирусот и грип

t

Првиот случај на таканаречениот „флурон“, односно истовремена инфекција со корона вирусот и вирусот на грип е забележан во Израел.
Двојнaта инфекции, како што објави израелскиот портал „Инетњуз“, е откриена кај жена која се породиле оваа недела во Медицинскиот центар во Петах Тиква.
Како што соопштија од болницата, младата мајка која не е вакцинирана против ниту еден вирус се чувствува добро и се очекува наскоро да биде пуштена од болница. Мајката имала релативно благи симптоми, а останува да се утврди дали комбинацијата на двата вируса може да предизвика посериозно заболување.
Здравствените власти сметаат дека такви случаи имало и кај другите пациенти, но тоа не го знаеле бидејќи не им била констатирана болеста.

„Минатата година немавме случаи на грип кај трудници и мајки. Денеска гледаме случаи на коинфекција со корона вирусот и грипот. Имаме се повеќе трудници заболени од грип. Дефинитивно е голем предизвик кога ќе дојде да се породи жена со температура, а не знаеш дали е корона вирус или грип“, вели проф. Арнон Визницер, специјалист по акушерство и гинекологија и директор на одделот за гинекологија.
Визницер истакна дека пациентот кој се лекува во неговата болница немал особено тешки симптоми.
„Таа штом пристигна и беше дијагностициран грип и корона вирус. Двата теста беа позитивни, дури и по повторното тестирање“.
Минатата недела 1.849 пациенти со компликации од грип биле примени во израелските болници, објави во средата Центарот за контрола на болести на Министерството за здравство.
Меѓу нив има 605 деца и 124 трудници и мајки.
Повеќето пациенти имаат подтип А/Х3 на вирусот на грип А, кој е вклучен во вакцината против грип во Израел оваа зима.
Министерството за здравство ги повика граѓаните да се вакцинираат против грип. Вакцината против грип може да се даде заедно со вакцината против Ковид или во секое време по вакцината против коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: „Нашиот одговор ќе биде силен, брз…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен“ и…

Американски сенатор испрати писмо до претседателот на…

Американскиот сенатор Марко Рубио испрати писмо до…

Сирени за тревога на југот на Израел:…

Во јужен Израел и северно од Појасот…

Во земјава регистриран првиот случај на зараза…

 Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти…

ЦДЦ ПРАВЕЛ ФИНГИРАНИ АНКЕТИ: Скриени несаканите реакции…

Американските Центри за контрола и превенција на…