УЈП ја објави листата на должници: 2.008 фирми и 3.232 физички лица должат над 13,64 милијарди денари
Даночен долг кон државата од над 13,64 милијарди денари, односно 221,8 милиони евра имаат 5.240 обврзници. Од нив, на најновата листа на должници (бр.09/2026 ) што ја објавува Управата за јавни приходи, 2.008 се правни, а 3.232 физички лица.
За еден месец е зголемен и бројот на должниците и ненамирениот заостанат долг. Според УЈП, на листата се регистрирани дополнителни 2 фирми и 38 граѓани. А, износот на месечно ниво е повисок за 7,3 милиони евра.
Најголемите неплатени обврски се по основ на даноци и придонеси. На септемвриската листа е регистриран долгот во нето-износ од 13,46 милијарди денари или 218,8 милиони евра. Во споредба со претходната состојба, нивото е зголемено за речиси 7,5 милиони евра.
Кај царинските давачки има подобрување. За еден месец долгот е намален за 194,7 илјади евра, а вкупната неплатена сума е 2,98 милиони евра.
Оваа должничка листа се однесува на долговите што требало да се намират до 31 мај, а не биле регулирани ниту до 31 август. Се работи за обврски што произлегуваат од ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Од УЈП посочуваат дека листата на должници ја објавуваат согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…
Гори на три локации низ Македонија, четири…
На ден 11/12.09.2026 година, до 07:30 часот,…
Путин: Резултатите на АфД се последица на…
Победата на Алтернатива за Германија на изборите…
Зошто се менува светската карта по пет…
Картата на светот што генерации ја гледаат…
Конечно разладување: Денеска дожд, невреме и пад…
По периодот на високи температури, денеска конечно…