ФАБРИКИТЕ РАБОТАТ СО ПОЛНА ПАРЕА: Борисов вели дека Бугарија „зад сцената“ извезува оружје во Украина

Бугарија од февруари неофицијално извезува оружје во Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во градот Шипка, а пренесуваат бугарските медиуми.
– Сѐ уште даваме многу оружје. Но, зад сцената, тајно спротивно на сето она што беше ветено од „Продолжуваме со промената“ Во бугарскиот парламент сега може да помине – имаме 60 пратеници, приближно 30 од МРФ, од ИТН, од „Демократска Бугарија“ – вели лидерот на ГЕРБ.
Според него, Бугарија мора веднаш да го направи тоа што го направи целиот демократски свет.
– Од февруари извезуваме многукратно повеќе оружје. Нашите фабрики за оружје работат на макс. Токму производите што ги користат во Украина. Им даваме оружје – истакнува Борисов.
Според поранешниот премиер, тоа се прави со знаење на БСП.
– БСП не случајно молчи, со нивниот потпис тоа се случува. Ова е нивно лицемерие и мора да си одат. Фабриките за оружје работат на макс. Ова не е тајна – рече Борисов.
Според поранешниот премиер, во бугарскиот парламент има мнозинство кое може да одлучи да испрати воена помош за Киев.
Бојко Борисов е убеден дека владата се подготвува да повлече уште еден заем од 2 милијарди лева.
Лидерот на ГЕРБ е дециден дека е „најкоректно“ за Бугарија е да оди на предвремени избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Бугарија има со што да “се…
ФБИ нуди награда од 100.000 долари за…
Тешка сообраќајна несреќа во Чаир: Повреден е…
Вчера во 06.40 часот во СВР Скопје…
ЦУК информира: Еве на кои планини нема…
Низ парк шумата Водно или низ нашите…
Брнабиќ: Приштина продолжува да се изживува со…
Премиерката Ана Брнабиќ рече дека последните одлуки…
ЕУ и НАТО ја поддржуваат одлуката на…
На позадината на хистеричната ситуација, подгреана од…