Фалсификувале деловни книги: Кривична пријава за измама на штета на средства на Европската Комисија

t

На 29.04.2022 од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани.

Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од КЗ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ по член 249-а од КЗ.

Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522,700.00 денари, финансиран од Европска Комисија и регистриран во Централната база на податоци за странска помош при Секретаријат за европски прашања во Влада на Република Македонија, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбрана ќе набавува осум нови хеликоптери, најавува…

Министерството за одбрана ќе набавува нови повеќенаменски…

Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има…

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика…

Вучиќ: Целта во надворешната политика е да…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во…

Ахмети го назначи Рафис Алити за кординатор…

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во…

(Видео) Русија нема да застане: Ова е…

Русија нема да застане во Украина, сите…