Фантастична трка во Прилеп: Григоријан Никовски до првото место и личен рекорд!
Во Прилеп се одржа второто издание на уличната атлетска трка „ЧЕ ТРЧАМЕ“ на која учество зедоа над 1.400 учесници од повеќе градови на Македонија. Трката се одвиваше низ прилепските улици во централното градско подрачје, поделена во 2 рути на 5 и 10 километри.
Првото место на 5 километри кај мажите му припадна на Григоријан Никовски кој забележа свој личен рекорд истрчувајќи ја трката за одлични 16 минути и три секунди.
Трка на 10 километри:
Индивидуални мажи:
1. Леонид Вандевски
2. Иван Пешовски
3. Димитар Илиев
Индивидуални жени:
1. Адријана Поп Арсова
2. Миљана Ристиќ
3. Фросина Михајловска
Tрка на 5 километри:
Индивидуални мажи:
1. Григоријан Никовски
2. Бојан Чаприќ
3. Коста Петроски
Индивидуални жени:
1. Ирма Хајдари
2. Дарија Крстевска
3. Емили Иваноска
Останатите резултати и повеќе детали околу нив можете да најдете на tagtiming.mk
За освојувачите прво, второ и трето место беа обезбедени парични награди, а секој пак што ја заврши трката доби медал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…