Објавено на:

Фатена група крадци на железо во Кавадарци

t

Група крадци на железо и алати биле фатени на дело вчера во кавадаречкото село Мрежичко, а при претресот на нивните домови и на просториите на фирма во селото, полицијата пронашла и гасен пиштол, куршуми и детектори за метал, соопшти полицијата.

„На 30.05.2025 во 16.30 во село Мрежичко, кавадаречко, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово, ги лишија од слобода од слобода Т.С.(52), С.С.(54) и 44-годишната С.А., тројцата од Кавадарци и Б.С.(46) од село Мрежичко. Имено, при контрола на товарно возило „Исузу“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Т.С. и товарно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.А., каде на местото биле затекнати и лицата Б.С. и С.С., товарните возила биле товарени со железо и делови од железни конструкции, за кои било констатирано дека биле одземени од претоварни станици на фабрика од кавадаречкото подрачје“, велат од МВР.

„По издадени судски наредби, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле и претреси во домовите на Т.С, С.С., С.А. и Б.С., каде кај С.С. биле пронајдени и одземени и гасен пиштол „ZORAKI“ и три маневарски куршуми, кои ги поседувал без соодветна документација. Исто така претрес бил извршен и во простории на правно лице во село Мрежичко, сопственост на С.С., каде биле пронајдени и одземени два метал детектори „Wave Terminator“ и „Tekpoint“, два помали рачни детектори за метал „SHRXYGPPOINTER II„ и „GARRETT PRO POINTER“, две метални штипки-штангли и една брусалица за метал „HUSQVARNA K-750“. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци. Т.С, С.С., С.А. и Б.С., биле задржани во полициска станица, известен бил jавен обвинител и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избегале од затвор, па ограбиле финансиското друштво…

На 04.12.2025 во 17:05 часот на ул.„Мајка…

Група крадци и помагачи краделе предмети во…

Откриена група на крадци и помагачи кои…

„Лувр беше ограбен од ситни криминалци, а…

Париската обвинителска Лор Бекуо изјави дека е…

Фатени „сериски“ крадци што дејствувале на југоистокот

СВР Струмица објави дека се расчистени повеќе…

Маж и жена од Неготино украле 30000…

Лишени од слобода крадци од Неготино кои…