Фатени двајца крадци од Кочани, „оперирале“ во пет градови
По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишија од слобода В.З.(26) и Д.С.(43), двајцата од Кочани, поради сомнение за извршени повеќе кривични дела.
-Имено, тие се сомничат дека во текот на август и септември оваа година на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип двајцата извршиле повеќе кривични дела од кои седум тешки кражби во станбени и деловни објекти, три тешки кражби во обид во станбени и деловни објекти и патнички возила и едно спречување на докажување, извршено од В.З., информира МВР.
При преземањето мерки, со судска наредба, извршени се претреси во нивните домови, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фатени двајца крадци од Кочани, „оперирале“ во…
По преземени мерки и активности, полициски службеници…
Брод погоден од проектил во Ормускиот Теснец…
Брод што минувал низ Ормускиот Теснец бил…
Сали: Има напори за усвојување на Изборниот…
Усвојувањето на Изборниот законик од страна на…
31-годишен работник повреден во фабрика во Кочани
Работник повреден во фабрика вчера бил пренесен…
Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага…
„Најпрвин, ќе ми дозволите да им се…