Фатени како копаат на диво, уапсени две лица од Кочани
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.К.(53) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и М.И.(59) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
На 15.03.2024 пријавените на место викано „Крстот“, атар на с.Очипала, делчевско, без да поседуваат дозвола за археолошки истражувања, започнале со проучување и пронаоѓање на знаци, со цел идентификување на место каде можат да бидат пронајдени вредни предмети и потоа да продолжат со ископување.
Пријавените, биле запрени од полициски службеници, а при преглед во возилото била пронајдена и одземена опрема и алат наменети за археолошки истражувања и ископ, кај второпријавениот биле пронајдени осум сребрени монети, а кај првопријавениот уште четири стари монети и два стари прстени. Со извештај од Управа за заштита на културното наследство, било констатирано дека четирите монети и двата прстени одземени од првопријавениот, претставуваат добро под привремена заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…