Фатмир Дехари ја уништил општината: Ревизорите открија сериозни неправилности во работата на Општина Кичево
Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во финансиското работење на Општина Кичево за 2024 година, поради што изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и усогласеноста со законските прописи.
Ревизорите констатирале недоволна наплата на сопствените приходи, застарени побарувања, пропусти во јавните набавки и реализација на капитални проекти без соодветна документација и стручен надзор.
Особено внимание привлекува јавно-приватното партнерство за модернизација на јавното осветлување, со договорна вредност од над 6,1 милиони евра со ДДВ и обврска за исплата во период од 15 години.
Ревизијата утврдила значајни отстапувања во постапката и реализацијата на договорот, кои создаваат финансиски и правни ризици за општинскиот буџет.
Неправилности се утврдени и кај капиталните инвестиции, вклучително и проектот за рекреативниот парк во Зајас, каде што затекнатата состојба не одговарала на договорените работи.
Меѓу останатите забелешки се неажурни евиденции за данокот на имот, ненаплатени комунални такси, исплати без соодветна документација и трошоци за неактивни телефонски броеви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фатмир Дехари ја уништил општината: Ревизорите открија…
Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности…
Муцунски по средбата со Флајдубаи: Од март…
Во рамките на работната посета на Обединетите…
БУГАРСКИ РАДИКАЛИ СО ЖЕСТОК ГОВОР НА ОМРАЗА…
Силни навреди и тежок говор на омраза…
Иран со директна закана кон САД: Ги…
Иранската Револуционерна гарда упати директна закана до…
Европа му кажа „не“ на Трамп: САД…
Нов сериозен судир меѓу Вашингтон и европските…