Објавено на:

ФБИ: Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е ослободен, сѐ уште се трага по убиецот

t

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, изјави дека лицето уапсено под сомнение за пукање и убиство на конзервативниот помошник Чарли Кирк е ослободено по полициското испрашување. Потрагата по убиецот е во тек. – пренесуваат медиумите

„Нашата истрага е во тек и ќе продолжиме да објавуваме информации во интерес на транспарентност“, рече тој во објава на X.

Во исто време, Одделот за јавна безбедност на Јута соопшти дека двете лица уапсени во случајот се ослободени бидејќи „не се поврзани со пукањето“ на Кирк. Едно од лицата е обвинето за попречување на работата на универзитетската полиција, како што претходно беше објавено за време на прес-конференција, но одделот не кажа зошто мажите првично биле осомничени за убиството на сојузникот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави CNN.

„Истрагата и потрагата по стрелецот се во тек“, се вели во соопштението на одделот.

Кирк, конзервативен активист и коосновач на Turning Point USA, почина синоќа од повредите здобиени кога беше застрелан додека зборуваше пред студентите на Универзитетот Јута Вали. По убиството, Трамп нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје во чест на Кирк и рече дека ќе го пронајде „секое лице“ вклучено во убиството на Кирк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ: Осомничениот за убиството на Чарли Кирк…

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, изјави дека…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…

Трамп: Се чини дека секој пат кога…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Кремљ: Европа и Украина се обидуваат да…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека…

Косово доби беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“…

Беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“, купени од…