Косово доби беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“ од САД
Беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“, купени од САД се испорачани во Косово минатата недела, објави денеска министерот за одбрана на Косово во технички мандат, Ејуп Маќедонци.
На социјалната мрежа Фејсбук, тoj напиша дека Министерството за одбрана ги набавило тие беспилотни летала преку меѓудржавната програма и дека плаќањето за оваа набавка е извршено во 2021 година.
„Леталата „Puma“, покрај другите беспилотни летала, претставуваат уште еден неопходен капацитет за зајакнување на капацитетите на Косовските безбедносни сили (КБС) во областа на беспилотните воздушни системи. Соработката со САД во областа на одбраната постојано се продлабочува и проширува, придонесувајќи за развојот на нашата армија, како и за остварувањето на заедничките интереси на нашите две земји“.
„RQ-20 Puma“ е мало беспилотно летало напојувано со електрична енергија од батерии, а се лансира од рака. Неговата примарна намена е надзор и собирање разузнавачки информации со помош на електрооптичка и инфрацрвена камера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…