ФБИ открива вознемирувачки закани: Планирале да го убијат Лионел Меси на Светското првенство
Сметан од многумина за најдобар фудбалер на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси поминува низ најтешкиот период од својот живот, откако почина неговиот татко Хорхе, кој беше тешко болен додека тој беше на Светското првенство, поради што плачеше откако постигна хет-трик на првиот натпревар од Светското првенство против Алжир.
Но, покрај оваа семејна трагедија и загубата на неговиот татко и човекот кој ризикуваше сè и реши да се пресели со 13-годишниот Лионел во Барселона, што го промени текот на фудбалската историја, Меси дозна и вознемирувачка вест дека неговото убиство било планирано за време на Светското првенство.
ФБИ и Меѓународниот центар за полициска соработка IPCC регистрираа неколку смртни закани кон аргентинскиот капитен.
Една од најсериозните била пред натпреварот на Аргентина против Јордан. Според документот, еден човек контактирал со аеродромот во Далас и тврдел дека тој, заедно со уште две лица, ќе го нападне стадионот со импровизирани бомби и пушка AR-15. Полициски службеници и играчи од двата тима беа споменати како цели, а Меси беше посебно издвоен.
Уште посериозна закана се појави пред натпреварот Аргентина-Египет. Едно лице наводно објавило порака на социјалните мрежи тврдејќи дека ќе влезе на стадионот во Атланта и ќе го убие Меси со експлозив што ќе го носи со себе. Ова предизвика масовна безбедносна проверка на стадионот.
За време на истиот натпревар, полицијата добила уште една дојава дека три бомби биле поставени во канти за ѓубре на трибините. Експерти за експлозиви и кучиња трагачи го пребарале стадионот, но ништо не било пронајдено и заканата на крајот била прогласена за лажна, откриваат документите на ФБИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…