ФДА: Брзите антигенски тестови за Ковид-19 се помалку чувствителни на омикрон

t

Брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои имаат предност да даваат резултати за само неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви, соопшти Американската агенција за храна и лекови (ФДА).

– Прелиминарните податоци покажуваат дека антигенските тестови ја откриваат варијантата омикрон, но со намалена чувствителност, се вели во соопштението на ФДА. Чувствителноста е мерка за тоа колку е веројатно тестот да даде позитивен резултат.

Информацијата доаѓа во време кога земјата се соочува со голем пораст на бројот на случаи на зараза со омикрон.

ФДА објави дека продолжува да ја одобрува употребата на брзи антигенски тестови, следејќи ги прецизните упатства за употреба. Имено, некои брзи тестови треба да се направат двапати во одреден временски интервал за да се потврди резултатот.

– Доколку некое лице е негативно на антиген тест, но постои сомневање за Ковид-19 поради видливи симптоми или голема веројатност за инфекција поради изложеност на вирусот, важно е да се користи молекуларен (ПЦР) тест, истакна агенцијата и додаде дека соработува со Националните институти за здравје (НИХ) на проучување на веродостојноста на домашните антигенски тестови на примероци од пациенти кои содржат жива верзија на омикрон.

ПЦР тестовите го откриваат генетскиот материјал на вирусот и се попрецизни бидејќи можат да направат милиони копии од РНК на вирусот, па успеваат да откријат и помали количини на вирусот.

Претходните тестирања се фокусираа на примероци од вирусот инактивирани со топлина наместо на жив вирус, што е подобро, а намалени перформанси на тестот досега не се забележани, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карантин во цела Кина! Огромен број на…

Поради зголемувањето на бројот на заболени од…

Го прогласуваме за умрено: Пад од 90%…

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло…

Осум починати од Ковид-19 минатата недела

Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци…

Кај нас е “умрено” ама во Кина…

Кина вчера го пријави својот најголем број…

Добра вест: Нема починати од Ковид-19 во…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…