Филипче: Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата како премиер кој не направил ништо за државата и граѓаните

t

Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата како премиер кој не направил ништо за државата и граѓаните, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање при посетата на кочанското село Грдовци

Тој посочи дека премиерот Мицкоски упорно го спинува ставот на СДСМ во однос на Законот за влада, обидувајќи се да создаде погрешна перцепција во јавноста. Филипче нагласи дека Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата – премиер кој не направил ништо за државата.

„Ние никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието. И тоа е само уште еден спин на премиерот, кој што сака да го прикаже во јавноста како некое наше бегање од работата во институциите. Вистината е дека ние, доколку се донесе тој Закон за влада, шверцерски, и се укине Пржинската влада во ситуација кога целосно е контролирана државата, еднакво како во времето на Никола Груевски, контрола на судството, што го прави истото сега Христијан Мицкоски, контрола на полицијата со новиот закон, со партиски послушници и контрола на медиумите, од страна на орбановите медиуми, истото како што беше во времето на судиите од тефтерчето на Никола Груевски – еднакoв е системот. Тоа се нашите аргументи зошто техничката влада по истиот систем треба да остане“, рече Филипче.

Дополнително, додаде тој, се работи за закон донесен со консензус на, како што кажа, лично барање во 2018 година на Христијан Мицкоски.

Тој повтори дека СДСМ, ако се укине техничката влада, нема да учествува во работата за Изборниот закон.

„Не во работата на Собранието. Се поставува прашањето зошто премиерот по кој знае кој пат лаже и спинува. Ништо друго не му останува. Додека ја води оваа влада, колку и месеци понатаму да ја води, ќе биде запаметен по едно големо ништо – ништо ќе стои како фуснота во историјата на оваа земја, човек кој што водел владата и ништо не направил, ниту за државата, ниту за граѓаните, еве, гледаме тоа по примерот на земјоделците“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Мицкоски ќе стои како фуснота во…

Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата…

13 годишно дете нападнато од поголема група…

На 26.04.2026 во 13:00 часот во СВР…

Семејства затекнале бетонирани гробови и поместени парцели…

Шокантна сцена ги пречекала семејствата на починатите…

Нафтата надмина 108 долари, цената се зголеми…

Цените на нафтата денес се искачија над…

Обид за убиство пред угостителски објект во…

СВР Скопје расчисти кривично дело “обид за…