Обид за убиство пред угостителски објект во центарот на Скопје

t

СВР Скопје расчисти кривично дело “обид за убиство”, поднесена кривична пријава по итна постапка.

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. “50 Дивизија” со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ..

Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен.

Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по итна постапка против А.Ч. за кривично дело “обид за убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ.

Од страна на судија на претходна постапка, на лицето му е определена мерка куќен притвор во траење од 30 дена

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…