Филипче: Платфорамата најмногу потсетува на ЗНАМ – се прави надвор од партијата

t

Платформата што се промовира надвор од СДСМ најмногу потсетува на моделот на ЗНАМ, се прави надвор од партијата, наместо дебатата да се води во рамките на партијата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Филипче нагласи дека секоја искрена намера за придонес кон СДСМ треба да се реализира во рамките на партијата, каде што, како што посочи, вратите се отворени за разговор, дебата и вклучување во процесите. Според него, кога активностите се водат надвор од партиските структури, наместо обединување, се создава фрагментација и немир кај членството.

„Ова што се прави сега најмногу потсетува на ЗНАМ, затоа што се прави надвор од рамките на партијата. Ако е искрена намерата, треба да се даде придонес во рамките на партијата“, рече Филипче.

Тој посочи дека не гледа оправдување за водење дебата надвор од СДСМ, особено, како што рече, затоа што на сите од т.н Платформа им беше понудена можност да бидат дел од партиските процеси.

„Ако се има вистинска намера да се помогне на партијата, зошто се прави нешто надвор од партијата, при што сите тие се поканети во партијата, разговарано е со нив, им е понудено да бидат дел од процесите, дури и од органите и телата на партијата“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ во интервјутот, посочи дека наместо фокусот да биде ставен на суштинските политички и општествени прашања, со вакви потези повторно се отвора внатрешна тема во СДСМ, што создава дефокус во период кога партијата води силна битка против актуелната власт.

„Зошто се создава немир кај членството кога сега веќе има консолидација и работата почнува да оди добро и постепено, и постепено рејтингот почнува да се зголемува. Ако е потребно единство, како што и тие велат, зошто прават работи кои водат кон фрагментација? Зошто не доаѓаат во партијата, во која вратите се отворени? И тие тоа многу добро го знаат, затоа што им е таму местото. Во партијата се дебатира за такви работи“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Платфорамата најмногу потсетува на ЗНАМ –…

Платформата што се промовира надвор од СДСМ…

СДСМ: Лагите за „трета економија“ ги разби…

СДСМ преку соопштение тврди дека најновите економски…

Тренчевска: Нема што СДСМ да се договара…

Намерата на власта не била реформа и…

СДСМ: Мицкоски набрзина гради нова опција за…

Платформата за иднината на Мицкоски се распадна,…

Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две…

По иницијатива на пратеничката група на СДСМ…