СДСМ: Лагите за „трета економија“ ги разби и ММФ
СДСМ преку соопштение тврди дека најновите економски проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не ги потврдуваат, како што наведува партијата, тврдењата на Владата дека Македонија ќе биде меѓу најбрзорастечките економии во Европа.
Според СДСМ, ММФ прогнозира просечен економски раст на македонската економија од три проценти во периодот до 2031 година, при што, како што наведуваат, повеќе европски земји, меѓу кои Албанија, Србија, Косово, Молдавија, Украина и Малта, имаат повисоки проекции за економски раст.
Од партијата оценуваат дека состојбата во економијата е загрижувачка и ја критикуваат Владата поради, како што велат, зголемувањето на буџетскиот дефицит и јавниот долг.
о соопштението се наведува дека инфлацијата продолжува да ја намалува куповната моќ на граѓаните, а дека домашното и странското задолжување, според СДСМ, дополнително го зголемуваат товарот врз јавните финансии.
СДСМ тврди дека во изминатите две години јавниот долг е значително зголемен и обвинува дека средствата не се насочуваат кон капитални инвестиции и мерки за подобрување на животниот стандард, туку кон, како што наведуваат, непродуктивни трошења.
Од партијата оценуваат дека на Македонија ѝ е потребна јасна развојна стратегија и политики насочени кон економски раст, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…
Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…
СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…
СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…
„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…