Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека премиерот Христијан Мицкоски „отворено ја застапува тезата министрите во неговата Влада да може да имаат бугарски пасоши“. Филипче ова го објави на мрежата „Х“ по изјавите на премиерот во интервјуто на вестите на Сител ТВ.
„Мицкоски, човекот кој се претставува како „бранител на македонскиот идентитет“, сега отворено ја застапува тезата министрите во неговата Влада да може да имаат бугарски пасоши. Вели „експертите нека кажат дали е во ред“ за законот. Еве ти експертски одговор, Христијане: Никој не може криминалот, корупцијата и лагите да ги прикрива вечно. Граѓаните веќе ја знаат вистината,“ стои во објавата на Филипче, при што напиша уште една:
„Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав“.
Премиерот вчера им порача на пратениците да се консултираат со уставно-правни експерти пред да се носат измените на Законот, кои предвидуваат забрана за двојно државјанство на народните избраници. Иако токму пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ стои зад предложените измени, Мицкоски апелира внимателно да го преиспитаат законското решение и да утврдат дали има правна издржаност и логика.
И од СДСМ го поддржаа ова решение, но сепак сметаат дека оваа измена на законот за пратеници е чист популистички потег и дека не може да се обезбеди доказ дали некој пратеник има само македонско државјанство или има повеќе, поради што оваа измена е неприменлива.
Либерално-демократската партија (ЛДП) бара и ќе инсистира, покрај измените на законот за пратеници, да се изменат и законите во кои се регулира изборот на сите избрани и именувани функционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека…
Митева: Плинот е намален за пет денари…
Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена…
Филипче тврди дека двајца министри во Владата…
Социјалдемократите денеска обвинија дека двајца членови на…
Владата по скратена постапка ќе ја испрати…
Владата по скратена постапка и без консензус…
210 Бугари од Македонија се пријавиле за…
На денешните парламентарни избори во Бугарија се…