Филипче тврди дека двајца министри во Владата имаат бугарско државјанство

t

Социјалдемократите денеска обвинија дека двајца членови на актуелната Влада имаат бугарско државјанство, покрај македонското. Велат дека истрагата е на институциите.

-Кога човек ќе даде изјава под материјална и кривична одговорност, тоа е сериозна работа. Не може министри во Влада да имаат резервна татковина, не може министерка во Влада да има пасош и државјанство од друга држава. За чии интереси работи таа министерка и уште еден министер кој што го крие бугарското државјанство. За чии интереси работат тие луѓе? Тоа е прашањето. Се согласувам дека треба дебата или анализа кој сето тоа ќе го спроведе, кажа лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Запрашан кој министер го крие бугарското државјанство, Филипче кажа дека „не би коментирал сега“.

Најконкретниот случај е министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. „360 степени“ во 2024 година објави дека таа побарала отпуст од бугарско државјанство, но дека процедурата тогаш не била завршена, што според нивните проверки значело дека таа и натаму е државјанка на Бугарија. Божиновска првично тврдеше дека не поседува бугарско државјанство, а потоа во јавни настапи призна дека имала бугарски пасош и дека побарала отпуст од бугарско државјанство.

Случајот дополнително се отвори откако БГНЕС објави декларација од 2004 година, потпишана од Божиновска, во која се наведува дека има бугарска национална свест и бугарско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…