Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка со протрузија на дискус во лумбалниот р’бет

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот ‘рбет, кој ѝ предизвикувал проблем со одењето. На моите колеги што ми асистираа во сала им благодарам. На пациентката ѝ посакувам што побрзо опоравување“, објави преку својот фејсбук-профил д-р Венко Филипче.
На својата објава тој постира повеќе фотографии од салата за операции.
Д-р Венко Филипче денеска треба да го заврши својот мандат како министер за здравство. Во Собранието на Македонија во тек е вториот ден од расправата за избор на нова Влада на мандатарот Димитар Ковачевски, а гласањето треба да се случи најдоцна до полноќ.
Ковачевски на местото на Филипче го предложи Беким Сали од Алтернатива, новиот владин коалициски партнер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србинка се вратила од Германија во Белград…
49 годишната Србинка Б.В. дошла во Белград…
Тасевски: Македонец не станува Бугар ни у…
Актерот Сашо Тасевски со реакција на фејсбук…
Падна првата балканска „жртва“ поради украинската војна
Воениот шеф на софиската влада доби отказ…
Радев и Петков се скараа за про-рускиот…
Бугарскиот претседател мисли дека тоа би било…
(Видео) Министерка или модератор? Бисера користи терминологија…
Под притисок на јавноста министерката за култура,…