Финскиот претседател убеден дека Русија нема да ризикува напад врз НАТО
Финскиот претседател Александер Стуб во интервју за германскиот весник „Билд“ изјави дека не верува оти Русија би ризикувала да нападне членка на НАТО, додавајќи дека нема смисла да се тестира решителноста на Алијансата.
Западни претставници веќе предупредија на сè поголемата опасност од руски хибридни операции насочени кон европските земји, вклучително и кибернапади, што потенцијално би можело да доведе до директен судир со НАТО. Германските власти проценуваат дека Русија би можела да биде во позиција да нападне членка на НАТО до 2029 година.
„Не знам дали некој има кристална топка, но едноставно не гледам ниту докази ниту факти што би го поткрепиле тоа“, изјави Александер Стуб во интервјуто за „Билд“, објавено вчера.
Тој, исто така, не верува дека Русија „кога било би сакала да го нападне најмоќниот воен сојуз во светот“.
Финска се приклучи на НАТО во 2023 година, една година по рускиот напад врз Украина, со што ја напушти политиката на неутралност. Претседателот на земјата посочи дека Северноатлантската алијанса треба да биде подготвена за секое можно сценарио, но оцени дека Москва во никој случај не е во позиција да започне војна со НАТО. Силата на Алијансата, според него, е во конвенционалното оружје, ракетите и нуклеарниот арсенал.
„Нема смисла која било сила во светот да ја тестира решителноста на овој сојуз“, смета Стуб.
Дополнително, Русија се соочува со ненадоместливи загуби во Украина, додава тој, наведувајќи дека секој месец губи меѓу 30 000 и 35 000 војници, додека на боиштето испраќа околу 27 000 нови.
„Значи, имаат сè помалку војници во мошне сложена ситуација. Едноставно, не можам да замислам дека би можеле да мобилизираат сили на два фронта“, вели финскиот претседател.
Стуб смета дека поради тоа Украина сега е во најсилна позиција од почетокот на војната и дека е од клучно значење Европа да продолжи да ја поддржува.
„И вие во Германија и ние во Финска мора да разбереме дека Украина е најдобрата безбедносна гаранција што ја имаме против Русија. Ако Украина загуби, ќе загубиме и ние“, порачува Стуб во интервјуто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Финскиот претседател убеден дека Русија нема да…
Финскиот претседател Александер Стуб во интервју за…
Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да…
Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување…
Пукање на рејв забава во Швајцарија: Погодени…
Повеќе лица се погодени во пукање што…
Енергетскиот договор меѓу Венецуела и САД ќе…
Енергетскиот договор што беше постигнат меѓу Венецуела…
Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот…
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…