Фон дер Лајен вети поддршка за Западен Балкан ако биде реизбрана за шефица на ЕК

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека доколку биде реизбрана ќе се залага за процесот на проширување и финансиска помош за земјите на Западен Балкан, познат како „План за раст“ со шесте земји од регионот. Шефицата на Европската комисија денеска доби поддршка за нов мандат од Европската народна партија, најголемата политичка групација во Европскиот парламент.

„Ние сме Унија од 27 земји. Привлечноста на оваа Унија е толку голема што многу други држави сакаат да се приклучат, од Западен Балкан до Украина. Отсекогаш сум била силен поддржувач на проширувањето, додека јасно ставам до знаење дека тоа е процес заснован на заслуги. Ние мора да продолжиме да се браниме од оние кои сакаат да не поделат, евроскептиците и пријателите на Путин. Мораме да ги одржуваме нашите демократии силни“, изјави Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Европската народна партија (ЕПП) соопшти дека денеска напладне истече рокот за претставување партиски кандидати за иден претседател на Европската комисија. Кандидатурата на досегашната шефица на комисијата Урсула фон дер Лајен останува единствена, се додава во соопштението. Се очекува ЕПП да ја поддржи Фон дер Лајен на партискиот состанок во Букурешт на 7 март. Претседателот на ЕК ќе го избира Европскиот совет по изборите за европратеници на почетокот на јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…

Комитетот за системско работење на Европската мрежа…

Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…

Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…