Фон дер Лајен: ЕУ е со народот на Венецуела и поддржува мирна транзиција на власта
ЕУ стои зад народот на Венецуела и поддржува мирна и демократска транзиција, објави на социјалните мрежи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
-Ние стоиме зад народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да го почитува меѓународното право и Повелбата на ОН – рече фон дер Лајен на социјалната мрежа X.
Таа додаде дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела и им порача на граѓаните на ЕУ во таа земја дека можат да сметаат на целосна поддршка од европските институции.
САД извршија напади врз Венецуела, а претседателот Доналд Трамп објави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се уапсени и изнесени од земјата.
Американските сили извршија голем напад, а операцијата за апсење на Мадуро ја спроведе елитната единица за специјални сили на американската војска, Делта Форс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: ЕУ е со народот…
ЕУ стои зад народот на Венецуела и…
Венецуелската потпретседателка избега во Русија
Венецуелската потпретседателка Делси Родригез е во Русија,…
ЕУ: Мадуро немаше легитимитет
Европската Унија се огласи по соборувањето на…
Русија: САД не требаше да ја нападнат…
Руското Министерство за надворешни работи изрази длабока…
Полскиот премиер по нападот на Венецуела: Ќе…
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека…