Фон дер Лајен: ЕУ треба да ги интензивира односите со групата Хајат Тахрир ал-Шам

t

Европската унија (ЕУ) мора да ги интензивира односите со исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која е на власт во Сирија по соборувањето на Башар ал Асад, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Сега мора да го интензивираме нашиот директен ангажман со ХТС и другите фракции, рече таа по состанокот во Анкара со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на европската дипломатија Каја Калас претходно од Стразбур посочи дека ЕУ е подготвена повторно да ја отвори својата амбасада во Дамаск, нешто повеќе од една недела по падот на режимот на Башар ал Асад.

Урсула фон дер Лајен, исто така, рече дека ЕУ и нејзините сојузници „не можат да дозволат повторно оживување“ на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, која никогаш не била целосно искоренета.

-Ризикот од повторно оживување е реален, рече таа, нагласувајќи дека „единството на сириската нација мора да се почитува и малцинствата да се заштитат“.

Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ ќе ослободи дополнителни еден милијарда евра за финансирање помош за бегалците во Турција.

-Дополнителни милијарда евра се на пат за 2024 година. Оваа сума ќе се користи конкретно за финансирање на здравствената заштита и образованието на бегалците во Турција. Тоа ќе придонесе за миграцијата и управувањето со границите, вклучително и доброволното враќање на сириските бегалци, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девицата да не влегува во сериозни дискусии,…

ОВЕН Би можеле да бидете почувствителни од…

Бајден одобри пакет воена помош за Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…

Вевчанскиот карневал повторно член на Федерацијата на…

Вевчанскиот карневал по 20 години, повторно е…

Трамп побара од Конгресот да ја подигне…

Новоизбраниот претседател Трамп ги повика американските пратеници…

Фон дер Лајен: ЕУ треба да ги…

Европската унија (ЕУ) мора да ги интензивира…