Вевчанскиот карневал повторно член на Федерацијата на европски карневалски градови

t

Вевчанскиот карневал по 20 години, повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови.

Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, според градоначалникот Спасе Кочовски, го изгубил статусот поради неплатена чланарина.

– Со посветеност и напор, минатата година ги исплативме сите обврски за членарина од изминатите 20 години и во согласност со Одборот на ФЕЦЦ, од оваа година, Вевчани повторно е полноправна членка на Федерацијата на европски карневалски градови. После 20 години повторно е на вистинското место, истакна Кочовски.

Преку членувањето на Федерацијата на европски карневалски градови, нагласи, се врши промоција на карневалот, а со тоа и на Вевчани.

– Покрај промоцијата, Вевчанскиот карневал ќе биде дел од повеќе европски карневалски манифестации. Ние како Општина сме горди што сме дел од оваа значајна мрежа и со нетрпение очекуваме нови можности за соработка, размена на искуства и зајакнување на традицијата на нашиот уникатен Вевчански карневал, подвлече Кочовски.

Вевчанскиот карневал, кој е нематеријално културно наследство, стар околу 15 века, се одржува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. По својата автентичност и уникатност се разлкиува од другите карневалски манифестации. Покрај традиционалните маски со зет, невеста, ѓаволи и глупави Августи неизостануваат маските инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување, тие ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два земјотреси се регистрирани денес во Грција

Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…

Почина легендата на Работнички, Томче Филиповски

Поранешниот легендарен фудбалер на скопски Работнички и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Ристовски: Инвестираме во спортска инфраструктура која ќе…

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со…

Маж од Виница натепан во сопствениот двор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе…